Шпанскиот стратег на клупата од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола имаше победничко деби во Премиер лигата, откако неговите фудбалери го совладаа Сандерленд со 2-1.
До првите бодови на табелата во новата сезона „граѓаните“ стигнаа со автоголот на Педи Мекнер во 88-та минута од натпреварот.
Претходно, домаќините на Етихад радост донесоа уште во 4-та минута кога Серхио Агуеро погоди за 1-0, а бројките на семафорот во 71-та минута ги изедначи Џермејн Дефо.
Резултати: Хул – Лестер 2-1, Барнли – Свонси 0-1, Кристал Палас – ВБА 0-1, Евертон – Тотенхем 1-1, Мидлзброу – Стоук 1-1, Саутемптон – Ватфорд 1-1, Мен Сити – Сандерленд 2-1.
OhridNews