Црното вино и темното чоколадо веќе одамна се прогласени за исклучително здрави поради резерватолот, спој кој би требало да биде исклучително силен антиоксидант кој го штити срцето. Но, за жал на сите љубители на овие намирници на кои токму здравјето им бил одличен изговор за консумација, научниците не успеале тоа да го докажат.

Девет години научници од медицинското училиште Џонс Хопкинс, следеле 800 италијански жители на села кои редовно консумирале намирници полни со резерватол, и на крај дошле до заклучок дека ниту на еден начин не влијае врз срцевите заболувања.

 

До сега се спроведени неколку истражувања за влијанието на резерватолот врз здравјето и се покажало дека е навистина влијателен во превенција на некои болести, но во тие истражувања се користени количини на резерватол кој едноставно не може да се внесе во организмот преку исхраната.

Така, за жал, еден популарен мит е разнишан и заминува во легенди, па љубителите на црното вино и чоколадото ќе мора да пронајдат друг изговор за уживање во омилените вкусови.

Но, и понатака останува мистерија зошто французите, познатите љубители на црно вино имаат многу помал процент заболени од срцеви болести од другите.

 

извор: metro-portal.hr