Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни со погодок, а подоцна и црвен картон и победа над Вест Хем 2-1 го прослави јубилејот десет години во дресот на „црвените ѓаволи“.
Руни го постигна првиот погодок за „ѓаволите“ на мечот со „чеканите“, но при резултат 2-1 направи црвен картон и го остави тимот со десет фудбалери. Среќна околност за англискиот репрезентативец е што резултатот остана ист и Јунајтед ја забележа втората победа во шампионатот.
Тој на денешен пред десет години прв пат заигра во редовите на Манчестер Јунајтед, а дебираше против турскиот Фенербахче со хет трик во меч од Лигата на Шампиони. Од тогаш наваму дојдоа и заминаа многу фудбалери, но тој остана верен на „бебињата“.
Мх.П.