ЕВН Македонија доби сертификат “Златен поддржувач“ за континуираната поддршка на активностите за подобрување на квалитетот на животот на ранливите луѓе во заедницата. Истовремено, Црвениот Крст на Македонија му врачи златен медал за личната социјална одговорност и ангажманот во хуманата мисија на претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија Вернер Хенгст.
Соработката меѓу Црвениот Крст на Македонија и ЕВН е изразена во повеќе проекти кои влијаат врз живеењето на многу ранливи групи гаѓани кои имаа потреба од посебно внимание и помош. Заедничкиот развој на заедницата во Шуто Оризари, новогодишни донации, годишните активности за грижа за стари лица се дел од заеднички реализираните проекти.
“ЕВН Македонија е општествено одговорна компанија која во нас препозна сериозен партнер за имплементација на заедничките социјални програми за обезбедување на помош на ранливите целни групи на население“, посочи Саит Саити генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија.
Заблагодарувајќи се за признанијата Хенгст истакна дека златниот амблем за него лично и за ЕВН Македонија не е само симбол на минатите активности, туку е и мотив да се продолжи со уште поголем ангажман во иднина. “Промовирањето на општествената одговорност во Македонија е една од моите лични цели, но општествената одговорност целиме уште повеќе да ја инкорпорираме во секојдневното работење на ЕВН што е долгорочна стратегија на компанијата“, рече Хенгст.
На свеченото доделување на признанијата присуствуваа Томас Михаел Баиер Амбасадор на Република Австрија во РМ и Ваљон Сарачини – Министер за Економија на РМ. Тие изразија задоволство од позитивниот пример на успешна и плодна соработка на Црвениот Крст и компаниите со единствена цел заеднички да се покаже грижата за сите граѓани во Македонија.