По повод одбележувањето на денот на основањето и месецот на крводарителстото на 26-ти март во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи манифестација на која Црвениот крст – Охрид на заслужни граѓани и институции ќе им додели признанија за придонес и поддршка на крводарителските акции.
Покрај редовните крводарителски акции, во 2009 година Црвениот крст Охрид организираше и повеќе акции во склоп на манифестации и одбележување на празници, на кои беше забележан висок одзив на хуманите граѓани, а планираните количини дарувана крв беа натфрлени за околу 1000 единици.
Годинава движењето на Црвениот крст одбележува 65 години од крводарителството во Македонија.











