На свеченост што се оджа денеска во големата сала на Општина Охрид, организацијата на  Црвен Крст на град Скопје и го предаде преодниот пехар на општинската организација на Црвен Крст Охрид, за најдобра организција во Република Македонија во  промовирањето и реализирањето на проектите од програмата – Промоција на Хуманите Вредности.


Наградата во името на Црвен Крст Охрид ја прими Весна Терзиоска, инструктор на програмата –  Промоција на Хумани Вредности (ПХВ), а пред присутните граѓани младите волонтери на Црвениот Крст ги претставија сите проекти кои беа реализирани од кои четири беа оценети како најдобри за кои и ја добија оваа престижна награда.


Пред присутните се обрати и градоначалникот Александар Петрески, кој рече дека е горд на постигнувањата на ОО на Црвениот Крст и ја истакна подготвеноста на локалната самоуправа да даде максималната поддршка на Црвен Крст Охрид за исполнување на хуманата мисија.

OhridNews