Кошаркарите на Црвена Ѕвезда ја освоија титулата во српскиот кошаркарски шампионат победувајќи го Партизан со 3-0 во финалната серија.


„Црвено белите“ во финалната серија со лутиот градски ривал ја потврдија фаворитската улога и заслужено стигнаа до титула по пауза од 17 години.

До третата победа во исто толку натпревари кошаркарите на Ѕвезда дојдоа со пресврт во второто полувреме. Партизан го контролираше резултатот во првото полувреме,  а во третата и четвртата четвртина искуството и квалитетот пресуди што донесе конечен триумф 58-54.

Црвена Ѕвезда сезонава ги освои титулите во Купот на Србија и АБА лигата, а трофејот од националниот шампионат е шлаг на тортата.

Ohridnews