Вечните градски ривали од Србија, Партизан и Црвена Ѕвезда се дават во сопствените финансиски долгови кои заедно надминуваат 47 милиони евра.
Најтрофејниот клуб по распаѓањето на Југославија, Партизан должи околу 10 милиони евра, а Европскиот првак има далеку поголем долг од 37 милиони евра.
„Црвено белите“ и „црно белите“ најголем дел од парите им должат на поранешни фудбалери, менаџери и работници во стручниот штаб и општи работници во клубот.
Двата клубови во 2015 година се пофалија со позитивни резултати на финансиски план. Партизан својот долг го намалил 2 милиони евра додека Црвена Ѕвезда цели 13 милиони евра.
Лошата финансиска конструкција на белградскиоте клубови се должи на долгата апсистенција од европските натпреварувања каде се вртат големи пари и не домаќинското работење последниве десеттина години.
OhridNews











