„Црвено белите“ во петтата рунда од Евролигата пред своите гледачи со убедливи (80-66) го совладаа директениот ривал за местото во разигрувањето Локомотив Кјубан.


Домаќините резултатски експлодираа во првата четвртина која ја добија со 33-21, а во втората предноста ја зголемија за еден поен 50-37.

Во третиот период кошаркарите на Црвена Ѕвезда ја одржаа разликата, а во последниот со нов поен предност ја запечатија третата победа во петтиот натпревар.

Шампионот од АБА лигата се наоѓа на вистинскиот пат во европската кошаркарска елита и само чудо може да ги спречи да не играат во плејофот.

Резултати :

Група Е: Барселона – Куча Лаборал 78-81, ЦСКА Москва – Броуз Баскет 91-70, Реал Мадрид – Олимпијакос 84-72, Химки – Жалгирис 111-80.

Табела: Химки (4-1), ЦСКА Москва (3-2), Куча Лаборал (3-2), Реал Мадрид (3-2), Броуз Баскет (2-3), Барселона (2-3), Олимпијакос (2-3), Жалгирс (1-4).

Група Ф: Панатинаикос – Даруфушака 82-79, Фенербахче – Цедевита 83-76, Црвена Ѕвезда – Локомотив Кјубан 80-66, Уникаха – Анадоли Ефес 75-85.

Табела: Фенербахче (5-0), Анадолу Ефес (3-2), Црвена Ѕвезда (3-2), Локомотив Кјубан (3-2), Уникаха (2-3), Панатинаикос (2-3), Цедевита (2-3), Даруфушака (0-5).

OhridNews