Шампионот во регионалната кошаркарска АБА лига, Црвена Ѕвезда го назначи Душан Алимпијевиќ за нов тренер на екипата. 31-годишниот стратег ќе го замени Дејан Радоњиќ, кој замина по завршување на сезоната.
– После долго размислување и бројни анализи, ние се определивме за Алимпијевиќ. Прв помошник ќе му биде Миленко Топиќ, а втор Слободан Љуботина. – рече Небојша Човиќ, првиот човек на Кошаркарскиот клуб Црвена Ѕвезда.
Човиќ на прашањата дали Алимпијевиќ има доволно искуство да предводи еден тим кој се натпреварува во Евролигата одговори – Немам да ангажираме некој од 75 години и покрај плата да му плаќаме и осигурање. Ќе го бранам секогаш и на секаков начин, исто како што беше случај и со Радоњиќ.
Клубот, играчки ќе претрпи големи измени, откако поголем дел од кошаркарите решија среќата да си ја побараат на друго место. клубот го напуштија Џенкинс, Кузмиќ, Гудуриќ, Јовиќ, Симоновиќ, а на Томпсон и на Волтерс им завршија договорите и се уште немаат седнато со „црвено белите“ да преговараат.
– На никој не можам да му застанам на својот животен пат, па така ниту на играчите кои посакаа да заминат. Сезоната која доаѓа ќе имаме интересен тим и од сега не можам ништо да ви ветам на резултатски. Тоа не би можел ниту со 50 милиони евра буџет, а не како нашиот, кој не ние ниту во ТОП 20 во Европа. – потенцираше Човиќ.
Тој не сакаше да оди предалеку и да мисли на завршниот турнир во Евролигата, кој следната година ќе се игра во Белград.
OhridNews