Црвена Ѕвезда со помош на Фенербахче обезбеди историски пласман во најдобрите осум екипите на стариот континент.


„Црвено белите“ синоќа претрпеа пораз од Дарушафака и пропуштија пред своите гледачи да го осигураат пласманот во ТОП 8 екипите.

Но, кошаркарите на Фенербахче ја поправија грешката победувајќи го единствениот конкурент на Ѕвезда, Анадолу Ефес со 90-86 (19-16, 18-18, 29-16, 24-36).

Црвена Ѕвезда пласман во најдобрите осум екипи обезбедува прв пат откако Евролигата се игра во нов систем.

Последен пат „црвено белите“ меѓу ТОП 8 тимовите во Европа биле во средината од 70-тите години од минатиот век.

Перо Антиќ во триумфот на Фенер во турската пресметка постигна 13 поени надополнето со три скокови.

Најпрецизен беше Лујџи Датоме со 24 поени, а Богдан Богдановиќ реализираше 21 од кој 15 во првиот дел.

Пласман во нокаут фазата од групата на Ѕвезда обезбедија Фенербахче, Локомотив Кјубан и Панатинаикос.

OhridNews