Екипата на Црвена Ѕвезда со сите почести ги пречекаа Перо Антиќ и Никола Калиниќ пред стартот на мечот со Фенербахче кој заврши во корист на гостинот од Турција 74-60.
„Црвено белите“ им оддадоа голема почит на кошаркарите кои некогаш ги бранеа боите на Црвена Ѕвезда, а навивачите со громогласен аплауз ги поздравија.
Ваквиот пречек го мотивираше македонскиот интернациналец кој постигна 14 поени и со 7 скокови беше двигател на играта на неговиот клуб.
За „Фенер“ ова е трет триумф во четвртиот натпревар во Евролигата додека белграѓаните се уште ја чекаат првата победа.
Ohridnews










