Кошаркарите на Црвена Ѕвезда го совладаа Партизан со 100-84 (26-21, 27-21, 21-21, 26-21) во дербито од седмата рунда во регионалната АБА лига.

„Црвено белите“ победата во белградското дерби ја најавија во првата четвртина која ја добија 26-21. Во втората предноста ја зголемија за шест поени за двоцифрено водство после дваесет минути игра.

Третиот квартал помина во изедначен тек и „гостите“ ја задржаа разликата на семафорот. Црвена Ѕвезда во последната четвртина не дозволи „црно белите“ да се вратат во игра добивајќи ја со 26-21 за конечни 100-84.

Македонецот Перо Антиќ со 13 поени беше еден од шесте кошаркари кои завршија со двоцифрен учинок во редовите на Црвена Ѕвезда. Најпрецизен во победничкиот состав беше Милко Бјелица со 29 поени, додека кај Партизан најефикасен беше Величковиќ со 18 кошеви.

„Делиите“ со триумфот во градската пресметка се искачија на втората позиција, додека „гробарите“ се наоѓаат на петтата позиција.

OhridNews