Хуманитарната мисија на Црвен крст Охрид, соработката со корпоративниот сектор од една страна и образовната мисија на Универзитетот “Св.Апостол Павле” Охрид, преточена во висока оштествена одговорност, од друга страна, резултираа со препознавање на заедничка цел и интерес на овие две институции, кои ќе бидат формализирани со потпишување на Меморандум за соработка.
 
Меморандумот, денеска, ќе го потпишат ректорот на универзитетот Нинослав Марина и претседателот на Црвен крст Охрид Сашо Точков.

OhridNews