Вчера претпладне во големата сала на општина Охрид, екипа на општинскиот Црвен крст, оддржа едукативно предавање за туберколозата.
Целта на настанот беше да се укаже на погрешното мислење кое го негуваат луѓето, дека туберкулозата е оддамна изумрена болест.
Како што соопштуваат од општинскиот Црвен крст, туберколозата е карактеристична и за 21 век, но за разлика од некогаш истата денес се лекува 100 отстотно.
Министерството за здравство на РМ ги покрива сите трошоци за лекувањето, односно терапијата е бесплатна.
Инаку, општина Охрид е една од ретките на државно ниво чиј совет го има донесено Локалниот акционен план за туберкулоза, со што општината се обврзува дека ќе делува превентивно на ова поле.
OhridNews