На платото пред Студенстскиот дом “Никола Карев” претпладнево се реализира една од неколкуте предвидени вонредни крводарителски акции кои ќе се организираат во текот на летниот период.

Денес, својата хуманост ја покажаа крводарителите од друштвото на крводарители од “Ѓорче Петров” од Скопје и од Здружението на крводарители од Тутунскиот комбинат Прилеп, при што беа собрани 80 единици крв.


Задоволни сме од одзивот на крводарителите, меѓу кои имаше и нови кои денес за прв пат даруваа крв. Особено сме благодарни на екипата на Републичкиот завод на институтот за трансфузиона медицина- Скопје кои за три часа ја спроведоја акцијата . Потребите од крв и крвни продукти е особено зголемена во летниот период и затоа се организираат овие вонредни акции, истакна претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков.

Во насока на обезбедување на потребните количества на крв, вонредна крводарителска акција ќе се реализира и во текот на наредната недела кога крв ќе даруваат спасителите на вода од Единицата за безбедност на вода на Црвен крст Охрид. 

OhridNews