Екипата на Ливерпул значајно ќе биде ослабен за првиот меч од новата сезона во Премиер лигата кој ќе го одигра на Емирати против Арсенал.
„Црвените“ од Енфилд во Лондон ќе отпатуваат без капитенот Џејмс Милнер и ударната игла во нападот, Даниел Стариџ.
Отсуството на двоецот ќе биде голем проблем за германскиот стручњак Јирген Клоп кој ќе започне првата сезона во тимот на Ливерпул.
Тој минатата година го презеде кормилото во текот на сезоната, откако беше сменат Брендан Роџерс.
Ливерпул забележа позитивни резултати на предсезонските натпревари, што дополнително ја зголеми самодовербата во екипата.
OhridNews