Манчестер Јунајтед без прав напаѓач во составот ќе му се спротистави на Челси на „Стемфорд Бриџ“ во последниот меч од 1/4 финалето во ФА Купот.


Жозе Мурињо приморан беше да одбере ултра дефанзивен состав поради повредите на Вејн Руни, Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд и суспензијата на Златан Ибрахимовиќ.

Единствен играч со напаѓачки карактеристики во составот е Хенрик Мхтаријан кој на мечот со Ростов во рамките од Лигата на Европа се врати од повредата.


„Специјалниот“ и покрај проблемот со повредените напаѓачи се очекува да игра подефанзивно, бидејќи на првиот натпревар меѓу овие две екипи во Премиер лига неговите избраници претрпеа убедлив пораз 4-0.

Натпреварот од ФА купот започнува во 20 часот и 45 минути.

OhridNews