Фудбалерите на Манчестер Јунајтед без Пол Погба во составот ќе се сретнат со Мидлзброу на „Риверсајд“ стадионот во мечот од 29-та рунда во Премиер лигата.
Францускиот репрезентативец се повреди на дуелот со рускиот Ростов во Лигата на Европа. Погба во првата минута од второто полувреме после истрчан спринт се пожали на болки во бутниот мускул и беше заменат со Маруане Фелаини.
Покрај најскапиот фудбалер португалскиот стратег Жозе Мурињо за гостувањето ќе го нема на располагање и Дејли Блинд кој исто така мечот со Ростов го напушти поради повреда.
Но, тука проблемите за „специјалниот“ не завршуваат, бидејќи Златан Ибрахимовиќ и Андер Ерера поради суспензии од дисциплинската комисија на ФА не можат да настапат за Јунајтед следниве два мечеви.
Клубот од Олд Трафорд со 49 бодови се наоѓа на шестата позиција и со се уште изгледни шанси за пласман во ТОП 4 екипите на табелата во Премиер лигата.
OhridNews