Ерменскиот репрезентативец Хенрик Мхитаријан кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, откако Борусија Дортмунд ја прифати понудата на „црвените ѓаволи“ од 32 милиони евра.


Мхитаријан е третото засилување за Јунајтед во ерата на Жозе Мурињо, по Ерик Баили кој пристигна од Виљареал и Златан Ибрахимовиќ кој како слободен играч дојде од ПСЖ.

Мхитаријан има 27 години може да игра на сите позиции во редот за врска, но најдобро се снаоѓа како класична „десетка“.

Ерменецот последните три сезони ги мина во Борусија, одигра 140 натпревари, со учинок од 40 голови и 49 асистенции.

OhridNews