Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Клубот од Олд Трафорд оваа информација ја лиферуваше на својата официјална интернет страница.

„Црвените ѓаволи“ не открија колку ги чинеше купувањето на Лукаку од Евертон, но според англиските медиуми трансферот изнесува 75 милиони фунти.

Голем интерес за Лукаку во последните денови покажа и Челси, кој не успеа да го победи Манчестер Јунајтед во трката за потписот на корпулетниот напаѓач.

Трансферот на Лукаку ќе се официјализира деновиве, кога фудбалерот ќе ги помине потребните медицински прегледи, најверојатно во Америка каде освојувачот на Лигата на Европа ќе ги започне подготовките за новата сезона.

Лукаку е второ засилување за Жозе Мурињо, кој претходно го ангажираше Виктор Линделоф од тимот на Бенфика.

„Црвените ѓаволи“ го потврдија трансферот на Лукаку

OhridNews