Манчестер Јунајтед не се откажува од услугите на Пол Погба, а клубот од Олд Трафорд целиот трансфер на Французинот ќе го чини 185 милиони евра.
„Црвените ѓаволи“ на италијанскиот шампион Јувентус ќе му исплатат 100 милиони евра, 25 милиони евра ќе земе Погба како бонуси за договорот, а 60 милиони евра како плати во петгодишниот договор.
Французинот кој се наоѓа на одмор по завршување на Европското првенсто во Франција се уште се нема изјаснато за неговата иднина.
„Бјанконерите“ пред четири години Погба го доведоа токму од Манчестер Јунајтед откако тој влезе во конфликт со Сер Алекс Фергусон.
Заминувањето на Погба од Олд Трафорд е окарактеризирано како најголема грешка на Фергусон во 26-годишниот престој на Шкоткланѓанецот во Манчестер Јунајтед.
OhridNews