Манчестер Јунајтед деновиве можеби ќе го финилизира првото засилување во зимскиот преоден рок ако се договори со Динамо Киев за услугите на Александар Драговиќ.
Преговорите меѓу англискиот премиерлигаш и украинскиот состав течат без проблем, а „црвените ѓаволи“ се очекува да платат 16 милиони евра за централниот дефанзивец.
Драговиќ кој настапува за австриската селекција подолго време е на радарот од Манчестер Јунајтед и ривалот од Премиер лигата, Арсенал.
Холандскиот стручњак на клупата од Јунајтед, Луис ван Гал во Драговиќ гледа стабилен централен дефанзивец кој е повеќе од потребен во составот од Олд Трафорд.
Во минатото Драговиќ има настапувано за Австрија Виена, а од швајцарскиот Базел се пресели во Украина и успешно ги брани боите на австрискиот национален дрес.
Мх.П.











