Фудбалерите на Брајтон освоија значајни три бодови победувајќи го Манчестер Јунајтед пред своите гледачи со минимални 1-0 во првиот меч од 36-та рунда во Премиер лигата.
Домаќините со трите бодови речиси го обезбедија опстанокот во елитата и без резултатски притисок можат да ги одиграат двата преостанати натпревари до крајот на сезоната.
„Црвените ѓаволи“ не личеа на себе на гостувањето кај Брајтон, упатувајќи само три прецизни удари во текот на целиот меч, иако напаѓаа констатно. Одлучувачкиот погодок Брајтон го постигна во 57-та минута преку Паскал Грос. Манчестер Јунајтед изгуби на трите мечеви кај екипите кои сезонава се приклучија во Премиер лигата.
Поразот нема да ја загрози вицешампинската позиција на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, но треба да делува предупредувачки пред финалето во ФА Купот против Челси.
OhridNews