Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок тргнува во офанзива за ангажман на Виктор Линделоф кој настапува за португалска Бенфика.
„Црвените ѓаволи“ дека не се шегуваат покажаа со понудата од 45 милиони евра, која е за 15 милиони повисока од клаузулата која ја има фудбалерот склучено со клубот.
Англиските медиуми овој потег на Манчестер Јунајтед го окарактеризуваат за отфрлање на можноста некој друг клуб да му се приклучи во трката за шведскиот репрезентативец.
На Жозе Мурињо неопходен му е уште еден дефанзивец во составот, бидејќи во згуснаиот распоред во јануари и февруари, ќе остане без Ерик Бејли кој настапува за својата селекција на Афричкио куп на Нации.
После повредата на Бејли, стандарден стоперски тандем е Маркос Рохо и Фил Џонс кој последниве неколку мечеви беспрекорно пред голот на Давид де Геа.
OhridNews