Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо за дуелот со Њукасл в сабота (18:30ч) во рамките од Премиер лигата на располагање ќе ги има Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ.

Оваа информација ексклузивно ја пренесе англискиот таблоид „TheSun“. кој јавува дека Погба и Ибрахимовиќ тренирале под затворени врати со првата екипа.

Погба надвор од терените беше месец и половина поради повредата на бутниот мускул, додека Ибрахимовиќ отсуствуваше од крајот на минатата сезона од повредата на коленото.  

Враќањето на овие двајца фудбалери ќе биде добра вест за Мурињо и за екипата, бидејќи после 11 одиграни мечеви заостануваат осум бодови од градскиот ривал Манчестер Сити на врвот од табелата.

OhridNews