Манчестер Јунајтед е на праг да го договори четвртото засилување во летниот преоден рок откако клубот ги договорил личните услови со францускиот репрезентативец Пол Погба.
До финализирање на договорот останува да се погодат „црвените ѓаволи“ и Јувентус околу висината на оштетата за која италијанските медиуми пишуваат дека ќе достигне 120 милиони евра.
Трансферот на Погба од Јувентус на Олд Трафорд ќе претставува враќање за Французинот онаму каде што и започна да се афирмира во квалитетен фудбалер.
Неговиот трансфер во Јувентус без никаква оштета е оценет како најголема грешка на Сер Алекс Фергусон во менаџерската кариера на Олд Трафорд.
Погба ќе заработува 300 000 фунти неделно, а ако Јунајтед и Јувентус се договорат околу трансферот ќе го срушат светскиот рекорд кој го држи Герет Бејл за преминот од Тотенхем во Реал Мадрид.
OhridNews