Манчестер Јунајтед се пласираше во следната рунда од ФА купот победувајќи го Дерби со 3-1 на „Ај Про“ стадионот.
„Црвените ѓаволи“ со маестралниот погодок на капитенот Вејн Руни го начнаа противникот кој пак најде сили и изедначи преку Џорџ Торп до финишот на првиот дел.
Во второто полувреме гостите од Олд Трафорд теренската иницијатива ја искористија во 65-та минута преку Дејли Блинд за ново водство овој пат 2-1. Точка на победата и пласманот во следната рунда стави Хуан Мата со гол во 90-та минута.
OhridNews











