Со голот на Џеси Лингард во судиското продолжение, Манчестер Јунајтед успеа да избегне пораз (2-2) од Барнли на Олд Трафорд во колото „Боксинг деј“ кое се игра после католички Божиќ.
Гостите со погодоците на Ешли Брнс и Стивен Дефур имаа капитална предност (2-0) после 45 минути игра. Во второто полувреме домашните фудбалери нападнаа со сите расположливи средства и успеаја да дојдат до бод благорание на Лингард кој влезе од клупата и ги постигна двата голови.
Резултати: Тотенхем – Саутемптон 5-2, Бурнмаут – Вест Хем 3-3, Челси – Брајтон 2-0, Хадерсфилд – Стоук 1-1, Мен Ју – Барнли 2-2, Ватфорд – Лестер 2-1, ВБА – Евертон 0-0, Ливерпул – Свонси.
OhridNews