Манчестер Јунајтед со две посериозни повреди на Златан Ибрахимовиќ и Маркос Рохо го плати пласманот во полуфиналето во Лигата на Европа. „Црвените ѓаволи“ во 1/4 финалето го елиминираа Андерлехт после продолженија (2-1), откако регуларните 90 минути звршија без победник.
Во првиот дел принудно поради повреда натпреварот го заврши Аргентинецот Рохо кој од тревникот на Олд Трафорд изнесен беше на носилки. Пред последниот свиреж се повреди и Ибрахимовиќ кој се жалеше на големи болки во десното колено.
– Не сум лекар и не сакам да давам конкретни изјави, но можам да кажам дека се работи за тешки повреди. Вистинска штета ќе биде ако нашите двајца фудбалери на ваков начин ја завршат сезоната. – рече Жозе Мурињо.
Човек на одлука на Олд Трафод беше Маркус Рашфорд кој во 110-та минута погоди за 2-1 и го лансираше својот клуб меѓу најдобрите четири во најмасовното клупско натпреварување.
OhridNews