Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со триумф (5-2) над Лос Анџелес Галакси ги започнаа подготвителните мечеви во Соединетите американски држави (САД).
„Црвените ѓаволи“ по 25 минути игра со двата голови на Маркус Рашфорд и едниот на Маруан Фелаини стекнаа убедливи водство 3-0. После еден час игра Хенрик Мхтаријан зголеми на 4-0, а пет минути подоцна Ентони Марсијал погоди за 5-0. Во финишот домашните фудбалери постигнаа два голови и го ублажија поразот.
Неофицијално деби во дресот на Манчестер Јунајтед имаа најновите засилувања Ромелу Лукаку и Виктор Линделоф. „Црвените ѓаволи“ вториот контролен натпревар ќе одиграат на 17 јули против тимот на Реал Солт Лејк.
OhridNews