Екипата на Манчестер Јунајтед со победа над Бурнмаут (3-1) на Олд Трафорд ја спушти завесата во англиската Премиер лига.


Мечот кој во неделата беше одложен поради лажна тревога за поставена бомба стави точка на најнеобичната сезона во англискиот фудбал.


Погодоци за „црвените ѓаволи“ ги постигнаа Вејн Руни, Маркус Рашфорд и Ешли Јанг додека Бурнмаут почесен погодок постигна преку Крис Смолинг кој сам си ја затресе мрежата.


Манчестер Јунајтед заедно со Вест Хем следната сезона ќе се натпреваруваат во Лигата на Европа, во Лигата на Шампиони пласман обезбедија првакот Лестер, Арсенал, Тотенхем и Манчестер Сити. Од Премиер лигата испаднаа Њукасл, Норвич и Астон Вила.

OhridNews