Фудбалскиот клуб Ливерпул објави дека англискиот репрезентативец Џејмс Милнер е првото засилување за клубот за следната сезона.


Милнер во Ливерпул се сели како слободен играч, а во новиот клуб ќе пристигне на 1.јули кога и официјално ќе му заврши договорот со Манчестер Сити.

Англичанецот за пет години со Сити успеа да освои две титули во Премиер лигата. Во кариерата Милнер настапувал и за Лидс, Њукасл и Астон Вила.

Иако челниците на Сити му нудеа продолжување на договорот, тој решил да замине поради статусот кој го имал во тимот.

„Макфакс“