Екипата на Ливерпул го кутна лидерот на табелата во Премиер лигата, Лестер победувајќи го минимални 1-0 во 18-та рунда од шампионатот.


„Црвените“ со победата пред своите гледачи ја запреа серијата без пораз на „лисиците“ на гостински терен сезонава која траеше од почетокот на првенството.

Стрелец на победничкиот погодок за домаќините беше Кристијан Бентеке во 63-та минута кој влезе од клупата по повредата на Ориги.

 
Резултати : Стоук – Мен Ју 2-0, Ливерпул – Лестер 1-0, Бурнмаут – Кристал Палас 0-0, Астон Вила – Вест Хем 1-1, Челси – Ватфорд 2-2, Мен Сити – Сандерленд 4-1, Свонси – ВБА 1-0, Тотенхем – Норвич 3-0, Њукасл – Евертон, Саутемптон – Арсенал.

Табела : Лестер 38, Арсенал 36 (-1), Мен Сити 35, Тотенхем 32, Кристал Палас 30, Мен Ју 29…

Мх.П.