Екипата на Ливерпул го промовираше десниот бек Натаниелн Клајн за ново шесто засилување во подготовките за следната сезона.
„Црвените“ дефанзивецот го доведоа од Саутемптон, кој инкасираше 12,5 милиони фунти за продажбата на новопочениот ангилски репрезентативец.
До сега Ливерпул е најактивен на трансфер пазарот ангажирајќи ги Џејмс Милнер, Дени Ингс, Фирмињо, Адам Богдан и Жо Гомез.
Со сите овие засилувања менаџерот Брендан Роџерс се подготвува за нова ера на Енфилд која ќе започне без капитенот Стивен Џерард, кој замина во Америка.
Мх.П.