„Црвените“ од Енфилд се откажаа од било какви понатамошни преговори со екипата на Саутемптон околу ангажманот на дефанзивецот Вирџин ван Дијк.

Ливерпул речиси два месеци активно преговараше со „светците“, но двете страни никако не најдоа заеднички јазик околу оштетата.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп на управата од клубот им порачал да го заборават Холанѓанецот и во преговори да се впуштат за Бенедикт Ховедес од Шалке.

„Црвените“ и Шалке имаат добри бизнис односи, откако Клоп седна на клупата. Од неколкуте фудбалери кои ги ангажираше германскиот тренер двајца се од „Ауф Шалке“ арената.

Ливерпул војува на две страни на трансфер пазарот, бидејќи Барселона се уште притиска за ангажман на Филипе Кутињо за кој е подготвена да плати 138 милиони фунти.

OhridNews