Шпанската Ла лига има нов лидер на табелата откако Барселона во дербито на колото со 2-1 го совлада досегашниот Атлетико Мадрид.
Дербито на Ноу Камп не го одбележаа мајсториите на фудбалерите и головите туку двата црвени картони на Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ во првиот дел останаа без Филипе Луис кој грубо стартуваше над Лионел Меси, а во второто полувреме играта поради два жолти картони ја напушти Диего Годин.
Инаку, гостите од Мадрид поведоа со 1-0 со голот на Коке во 10-та минута. Домаќините до првиот дел го свртија резултатот во своја полза со погодоците на Меси и Суарез. Покрај дефицитот на два фудбалери Атлетико избегна катастрофа на Ноу Камп играјќи добра одбрана.
Каталонците на врвот од табелата се одлепија три бодови од вторипласираниот Атлетико, а имаат и меч помалку.
OhridNews











