Навивачите на Ливерпул на мечот со Карлси во англискиот Лига куп ќе му изразат незадоволство на менаџерот Брендан Роџерс. Тој со слабите резултати минатата и почетокот на оваа сезона речиси ја загуби довербата од навивачите.
Најзагреаните навивачи на „црвените“ покрај револтот кон сегашниот менаџер ќе носат маски од Јирген Клоп кој го посакуваат за следен тренер на екипата.
Германскиот стратег по заминувањето од Борусија Дортмунд на крајот од минатата сезона е без ангажман. Секојдневно се поврзува со некоја екипа, но за сега нема одговор од негова страна.
Во минатото тој не ја криеше наклонетоста кон тимот од Енфилд и нема да биде чудно ако се реши да го преземе кормилото на една од најдобрите екипи во Премиер лигата.
Мх.П.











