Екипата на Ливерпул се пласираше во финалето од Лига купот елиминирајќи го Стоук во полуфиналниот двомеч по изведувањето на пеналите (6-5).


„Црвените“ пред своите гледачи не ја искористија предноста (1-0) од првиот натпревар и претрпеа идентичен пораз по што мечот замина во продолженија.

Таму остана истиот резултат и патникот во финале се одлучуваше во пенал рулетот. Во седмата серија Џо Ален постигна погодок, а Мињолет го одбрани пеналот Мунис за пласман во финалето.


Противник на „црвените“ ќе биде подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити – Евертон. Првиот меч заврши 2-1 во корист на „карамелите“.

OhridNews