Фудбалерите на Ливерпул се вратија во игра за местата кои водат во Лигата на Шампиони по триумфот над Њукасл со 2-0.


Резултатот во 9-та минута на Енфилд го отвори Рахим Стерлинг, а конечните 2-0 ги постави Џо Ален во 70-та минута.


По победата „црвените“ се доближија на четири бодови од четвртопласираниот Манчестер Сити, кој претрпе убедлив пораз од Јунајтед во градската пресметка.

Мх.П.