Екипата на Ливерпул прокнижи три бодови на табелата во Премиер лигата победувајќи го Норвич (5-4) во неверојатен натпревар.
„Црвените“ поведоа со голот на Фирмињо во 19-та минута, а домаќините на Керод Роуд до 55-та минута постигнаа три погодоци преку Мбокани, Нејсмит и Холахан.
Избраниците на германскиот стручњак Јирген Клоп одговорија со иста мера и за период од 19 минути го свртија резултатот во своја полза. На 3-2 намали Хендерсон, егал на семафорот донесе Фирмињо, а комплетниот пресврт го направи Милнер.
Но, тука не застанаа возбудувањата. Домаќините во втората минута од судиското продолжение со голот на Басонг изедначија на 4-4, а Лалана во последните мигови од натпреварот донесе нова предност за Ливерпул.
Со триумфот над „канаранците“ фудбалерите на Ливерпул ставија точка на серијата три меча без победа.
Мх.П.











