Екипата на Ливерпул до сега доведе четири засилување, а веќе коваат планови за новото петто кое ќе пристигне во напаѓачката линија.


На списокот од „црвените“ се наоѓаат Фернандо Љоренте кој е на излезни врати од Јувентус, Демба Ба од Бешикташ и херојот на Севилја од финалето во Лигата на Европа, Карлос Бака.

Минатата сезона Ливерпул најмногу проблеми имаше во нападот откако Марио Балотели и Рики Ламберт не успеаја да го заменат Луис Суарез, кој замина во Барселона.

Ливерпул имаше неуспешен обид да го доведат Кристијан Бентеке од Астон Вила поради големата оштета што ја бара клубот Бирмингем.

Ohridnews