Фудбалерите на Ливерпул направија голем чекор кон финалето во Лига купот откако во првиот натпревар како гости го совладаа Стоук со минимални (1-0).
Германскиот стручњак на клупата од „црвените“ не ги штедеше фудбалерите и на Британија стадионот го изваде најјакиот состав.
Резултатски му се исплатеше победувајќи 1-0 со голот на Ајб, но играчки не откако се повредија Коло Туре и Филепе Коутињо.
„Црвените“ на Енфилд на крајот од овој месец ќе треба да ја одбранат предноста со што ќе обезбедат пласман во големото финале.
Ohridnews











