Локалните избори да се одржат на 7-ми април без барање за предвремени парламентарни избори, е новиот предлог на  лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, пренесува 24 Вести.

Според нив на потег сега е премиерот Никола Груевски. Дали двете партии, конечно под притисок на меѓународниот фактор ќе успеат да се договорат, ќе се знае деновиве.

Откако Филе им испрати писмо, и двајцата се обидоа да покажат конструктивност. Груевски и Црвенковски експресно одговорија на писмата на Филе.

OhridNews