На локални избори ќе одиме, предвремени парламентарни избори ќе има.-изјави лидерот на СДСМ на седницата на Централниот одбор на партијата, што вечерва се одржа во Скопје.
– Денешниот договор, за кој гарантор е Европската унија покажа дека тогаш кога сме доследни и упорни, кога сме цврсти, кога сме заедно, кога сме сплотени, и што е најважно, кога правдата и вистината се на наша страна, се може да се постигне.-рече Црвенковски.
Тој изтази благодарност на граѓаните за дадената поддршка и најави продолжување на политичката битка се до крај, односно, како што рече, до конечната победа.