Победата на Вардар над полскиот првак Кјелце во дербито на колото во Лигата на Шампиони им донесе на „црвено црните“ неколку индивидуални признанија.
Чуварот на мрежата на Вардар, Арпад Штербик се најде во тимот на колото, а една од неговите 15 одбрани беше дел од изборот на ТОП 5 на ЕХФ.
Ударната игла на „црвено црните“ во нападот Тимур Дибиров е дел од најдобрите играчи во шестата рунда, а против полјаците реализираше осум погодоци.
Доминацијата на Вардар ја комплетираше голманката Амандин Лејно која со погодок од „гол на гол“ ја круниса првата победа во новата сезона од ЛШ.
Најдобрите седум во шестата рунда.
Ohridnews











