Ракометарите на Вардар во Полска против тимот на Висла Плок ќе имаат чест да ја отварат првата елиминациска фаза во Лигата на Шампиони.


„Црвено црните“ првиот меч ќе го одиграат на 16 март во среда додека реваншот во Јане Сандански е закажан за 26 март (сабота).

Во период од десет дена треба да се комплетираат сите осминафинални мечеви, а потоа се играат натпреварите од четвртфиналето, па завршницата во германскиот град Келн.

За напоменување е дека победниците од А и Б групата Барселона односно Пари Сент Жермен обезбедуваат директен пласман во четвртфиналето од Лигата на Шампиони.


Двојки 1/8 финале:

Мотор Запоржје – Веспрем (19.03 прв меч), (26.03 втор меч)

Мешков Брест – Киелце (19.03), (26.03)

Монпеље – Фленсбург (19.03), (27.03)

Висла Плок – Вардар (16.03), (26.03)

Пик Сегед – Кил (20.03), (23.03)

Загреб – Рајн Некар Левен (19.03), (27.03).

OhridNews