Минатогодишната непреминлива пречка во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони, Киелце е следен ривал на ракометарите на Вардар во шестата рунда од групната фаза.
„Црвено црните“ пред своите гледачи со помош од „Комитите“ подготвени се за наплата на стари долгови.
– Во никој случај нема да биде лесно, играме против една од најдобрите екипи во Европа. Грешките да ги минимизираме, а одбраната мора да го крене нивото. Мечот со полјаците е многу важен за нас бидејќи ние имаме високи цели сезонава, а пред своите гледачи не смее да грешиме. – рече Алекс Душабаев.
Тврд и неизвесен натпревар очекува тренерот на Вардар, Раул Гонзалес Гутиерез кој во минатато му беше помошник на Талант Душебаев кој сега е тренер на Киелце.
– Ние се наоѓаме во добра позиција во пресрет на овој дерби натпревар. Нашиот противник има се, но ние пред нашите гледачи играме многу подобро. Мора да одиграме добро и организирано во одбраната и да смирено во нападот. – додаде шпанскиот стратег.
Натпреварот во спортската арена Јане Сандаски се игра в сабота со почеток во 17:30 часот.
Мх.П.











