Огромно е разочарувањето во составот на македонскиот првак кој во целост потфрли во најважниот меч во сезоната. Сензационалниот триуф над Ларвик кој даде искра надеж дека може да се направи исчекор кон финалето падна во вода. Ниту човекот кој беше доведен да го одведе на победничките патеки не успеа во својата намера. “Црвено-црниот“ брод под водство на Дејвид Дејвис не заплови во мирни води. Токму напротив.

– Се беше погрешно. Тие беа подобриот тим и заслужено победија. Ние го одигравме најлошиот меч во овие три месеци откако сум со екипата. Сѐ беше катастрофа, одбраната, нападот, сѐ беше погрешно. – рече по завршувањето на мечот Дејвис.

Свое видување за поразот имаше и Лекиќ, за која мала утеха е тоа што беше најпрецизна во поразениот тим. Спориот старт но и феноменалната Јелена Грубишиќ на голот на романскиот првак се причините за поразот.

– Во првите 15 минути имавме премногу промашувања и после тоа не можевме да се втратиме во мечот. Не можам да сфатам како можеше да ни се случи вакво нешто. Јелена Грубишиќ беше одлична „не уби“ и тука ни падна самодовербата. Одигравме слабо во одбратата, не бевме доволно агресивни во првиот дел. Едноставно, ништо не ни одеше од рака. Се случувува лошо да се отвори натпревар, но ние немавме сила да се вратиме во натпреварот. Ова дефинитивно беше нашиот најлош натпревар од прва до последна минута. Таков е спортот , за нас останува напорно да работиме и наредната сезона повторно да атакуваме на титулата. – рече Лекиќ.

Во малото финале Вардар ќе игра против Будуќност.

OhridNews