Денес во Велес стартува квалификацискиот турнир за СП 2012г. Турнирот започнува со средбите Франција – Швајцарија (18ч) и Македонија – Ц.Гора (20.30ч).


– Имаме интересна група во која ние сме фаворити. Добро ги познаваме селекциите на Црна Гора и Франција со кои имаме играно, додека репрезентацијата на Швајцарија е речиси почетник во футсал-натпреварувањата. Првиот дуел е со црногорците кои убедливо ги победивме на последните контролки но тоа е борбена и непредвидлива селекција. Лично очекувам првото место во групата да се решава во последниот дуел со Франција. Наша цел во овие квалификации е да го освоиме првото место со максимален број бодови и да се пласираме во елитната рунда – истакна селекторот Скендеровски.

Скендеровски искажа задоволство што турнирот се игра во Велес, бидејќи велешката публика секогаш знаела да направи одлична атмосфера и да ги мотивира репрезентативците, а доказ за тоа е убедливата победа против Србија.

Ohridnews